Самоиловото царство е средновековна држава на територијата на денешна Македонија, Бугарија, романска Добруџа, Србија (без Банат и Бачка), Црна Гора (без приморјето), Албанија, Косово, и северозападна Грција. Оваа држава под водство на цар Самоил постоела од 976 до 1018 година. За престолнина на царството се смета Охрид, иако царскиот двор своевремено бил сместен и во други градови. Најголем дел од населението било Словенско.
Самуил
Цар Самоил или цар Самуил (958 - 6 октомври 1014) — средновековен македонски владетел кој на преминот од X кон XI век формирал пространо царство на територијата на Балканскиот Полуостров. Учествувал во востанието на комитопулите против византиската власт во 976 година. Во почетокот владеел заедно со своите браќа Давид, Мојсеј и Арон, а по загинувањето на Давид и Мојсеј владеел заедно со брат му Арон, но по ликвидирањето на Арон, станал единствен владетел во државата во 986 година. комитопули, односно млади кнезови, синови на кнезот Никола.
Починал во Преспа од срцев удар, потресен од морничавата глетка кога ги видел своите ослепени војници што му ги испратил Василиј. Бил оженет со византиската благородничка Агата од Драч, со која имал четири ќерки и синот Гаврил Радомир. Зачуван е неговиот натпис (992/3), во спомен на родителите и на братот Давид.
ДРЖАВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
Самуил успеал да создаде голема воjска и добро обучен кадар . Како плод на тоа, до краjот на X век, освен териториjата на Македониjа, без Солун, во рамките на Македонската држава биле вклучени и бугарски, српски, грчки, албански и хрватски територии. Со папска дозвола Самуил jа издигнал Македонската црква на ранг на патриjаршиjа. По претворањето на Охрид во царско и црковно седиште на Македонската држава, градот израснал во вистински средновековен град, односно метропола. Градот го сочинувале два териториjално споени делови: тврдината, коjа всушност претставувала акропол и подградието. Двата дела заедно jа сочинувале целата градска населба, коjа тогаш се означувала како полис.
Структура на воојската
Самуиловата војска во почетокот била составена од војници од територијата на Македонија, а подоцна од војници од немакедонските територии кој биле вклучени во рамките на царството. Воениот кадар на кој главно се потпирал Самуил, го сочинувале луѓе со потекло од Македонија. Од нив најбројни биле слободните селани, потоа војните занаетчии и војници собрани од градовите.
Војската се состоела од два основни рода: коњаница и пешадијата како најбројна. Пешадијата покрај специјално извежбаните војници ја сочинувале и машкото население кое било способно да војува. Кога се водела одбранбена војна посебно место и значење имала коњаницата. Главен командант на сета војска бил царот Самуил, а по неговата смрт и неговите наследници Гаврило Радомир и Јован Владислав.
Пешадијата била опремена со штит кој имал елипсовидна и тркалезна форма и копје со знаменце и висулки. Таа била вооружена со мечови и лакови за фрлање на стрeли. Таа ималa труби и знамиња. Коњаницата била подобро опремена. Војниците биле облечени различно од зависност на социјалниот статус и носеле селска облека до најбогата опрема. На главата носелe шлемови, а поголемиот дел од телото им било покриено со железо.
Самуил со помош на своите војсководачи и синот Гаврило Радомир успеал да собере голема војска и да изгрди борбена тактика со која можел да води успешни војни против Византија. Стратегијата која ја создал Самуил се сведувала на брз и изненаден напад врз Византија. Самуил и неговите војсководци го пуштале противникот да мине низ тесните долини, а на враќање во заседа го сочекувале и уништувале. Исто така, бил и усовршен системот на градење деми (прегради). Ваквата стратегија овозможила македонската војска долго да и се спротиставува на Византија.
Губење на независноста
На 29 јули 1014 год. императорот Василиј II од врвот на планината Беласица ги нападнал Самуиловите војници од зад грб.Тие биле изненадени и започнале да бегаат.Императорот Василиј влегол низ напуштената тврдина и ја урнал преградата која била поставена од страна на самуиловите војници и започнал да ги гони Самуиловите војници.Голем дел од војниците загинале а голем дел биле и заробени.Самуил успеал да побегне со помош на неговиот син Гаврило Радомир.
pо победата над Самуил византискиот император Василиј II наредил 14000 војници кои биле заробени да бидат ослепени,заробени и пратени кај својот цар Самуил..На секој стоти војник му било оставено по едно око за да ги води војниците кај царот. Глетката била премногу за Самоил кој се разболе и умре по три месеци, на 6 октомври 1014. По неговата смрт Самоил го наследува неговиот синГаврило Радомир. Набрзо, тој ќе биде убиен од страна на неговиот братучед Јован Владислав, кој владее до 1018, кога и конечно Самоиловото царство потпаѓа под византиска власт.

No comments:
Post a Comment